Груевски: Се надевам дека СДСМ ќе направи потег кој народот го очекува

 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, очекува дека кај СДСМ ќе преовлада разумот и дека поединци од таа партија ќе покажат зрелост.

Груевски потенцира дека ваквото неодговорно однесување на најголемата опозициска партија е штетно за целата држава.

-Се надевам дека на некој начин ќе станат разумни и поодговорни и дека ќе покажат зрелост. Станува збор за интереси на државата, а не на поединци во партијата. Ако сакаат да не ја загубат и онаа доверба која ја имаат, мора да покажат грижа. Народот е свесен дека со неодговорното однесување на СДСМ губи државата. Се надевам ќе направат потег кој народот го очекува од нив. Секое нивно посесивно однесување на сите нас, граѓаните, ни прави штета. Секој човек сака да оди напред, да напредуваме. Неможе некој поединец да им го загрози тоа, истакна Груевски.

Тој уште еднаш повтори дека се надева дека поединците од СДСМ ќе најдат сили да направат чекор кој народот го очекува од нив.

20.09.2014 - 21:15


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега