Реконструирана сообраќајната лента кај МАНУ
Заврши реконструкцијата на крајната сообраќајна лента во должина од 115 метри на булеварот „Крсте Мисирков“, пред автобуското стојалиште кај објектот на МАНУ.
Реконструкцијата опфати замена на површинскиот и потповршинскиот асфалтен слој, како и нивелирање на постојните шахти и сливници. Градежните работи ги изврши „Пелагонија“ од Гостивар, а за овој зафат Градот Скопје потроши 2,9 милиони денари.
Досега Градот Скопје изврши реконструкција на асфалтот од двете страни на улицата „Димитрие Чуповски“, како и на асфалтот од двете страни на булаварот „Кузман Јосифовски Питу“.
12.09.2014 - 15:29
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа