Ѓорческа оствари победа на фјучрсот во Софија

 

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа постигна победа во првото коло на фјучрсот во Софија.

Таа ја совлада Романката Ирина Марија Бара со 2:0 во сетови (6:4 и 6:3). Во следното коло ќе игра со носителката број 6, Тереза Мрдежа од Хрватска, која исто така постигна победа од 2:0 во сетови против Романката Елена Чадар.

Ѓорческа попладнево со Деспина Папамихали од Грција ќе настапи во двојки против молдавско-романската комбинација Алисија Мартинов и Јулија Трука.

Наградниот фонд на овој фјучрс е 25.000 долари.

Попладнево настап на фјучрс во Суботица во двојки ќе имаа и македонската комбинација Томислав Јотовски – Димитар Грабул, кои ќе играат против Иван и Матеј Шабанов од Хрватска.

Јотовски, Грабул и Деари утре ќе ги играат и мечевите во поединечна конкуренција на турнирот во Суботица.

09.09.2014 - 11:47
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега