Месечна прогноза: Декември ќе донесе студ и малку снег за Нова Година

 

Променливо време, услови за врнежи од снег но и пониски температури се очекува да донесе последниот месец од годината.
Оваа и наредната недела ќе имаме повремени врнежи од дожд но за овој период од годината и релативно високи температури кои ќе надминуваат и 14 степени во текот на денот. Утринските температури под нула ќе се спуштаат само на повисоките места.
Средината на месецот веќе ќе се почувствуваат првите студови. Третата седмица од декември ќе ни донесе многу постудено време па утринските ќе одат и до минус 8 а дневните нема да се искачат над 5 степени. Во овој период нема да има многу влага но сепак постојат услови да завее и снег.
Нешто повеќе врнежи се очекува во претпоследната седмица од овој месец кога температурите ќе се спуштат за уште некој степен, па во текот на денот ретко кога ќе имаме повеќе од 3 степени, а утринските ќе одат и до минус 10.
Можност за врнежи не се најавува.
Последните три дена од годинава се очекува да бидат студено со температури под 2 степени во текот на денот и минус 7 наутро. За новогодишната ноќ се најавува влажен бран кој во првите денови од Новата Година може да донесе снег.

03.12.2024 - 20:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега