Меморандум за изработка на студија за пречистителна станица за отпадни води во Скопје

 

Министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири, градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски и претставник на компанијата ЕГИС Еау од Франција, во присуство на амбасадорката на Франција, Лоранс Оер, ќе потпишат Меморандум за разбирање за изработка на студија за финансирање, изградба и работа на пречистителна станица за отпадни води за Скопје.

Вредноста на проектот е 729 илјади евра, а средствата се обезбедени од Фондот за студии и помош во приватниот сектор-ФАСЕП и француската Влада. 

09.09.2014 - 09:37
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега