Тирана го поздрави договорот меѓу Приштина и Белград
Албанската влада го поздрави постигнатиот договор меѓу Приштина и Белград, оценувајќи дека овој историски договор претставува величествено остварување, многу значајно за Косово и за Србија во нормализирање на односите меѓу двете држави.
-Постигнатиот договор отвора ново поглавје во однисте меѓу Албанците и Србите во нашиот регион, во нивните напори за една заедничка европска индина. Во оваа прилика, во името на албанската влада, ја поздравувам одлучноста и визијата на двете страни, на двајцата премиери Тачи и Дачиќ, за неговото постигнување. Ја поздравувам баронесата Ештон за трпеливото и успешно посредништво, како и подршката на нашиот голем пријател, САД, кои сторија се за историското постигнување за Косово, Србија и нашиот регион, изјави премиерот Сали Бериша.
Поздравувајќи го потпишувањето на договорот, шефот на албанската држава Бујар Нишани, оцени дека „ова е миг кога нашите деца сега се чувствуваат побезбедни“.
„Верувам дека само духот на дијалогот, разбирањето и соработката ќе послужи во реализацијата на договорот, нормализирање на односите и решавање на проблемите меѓу Косово и Србија, изградба на добри добрососедски односи, стабилност на Косово и регионот и задничка евроатланска иднина за сите земји на западен Балкан“, се наведува во соопштението од неговиот кабинет.
Лидерот на опозициските социјалисти, Еди Рама, постигнувањето на договорот го искоменира на Твитер, наведувајќи дека се чувствува горд за Косово и за постигнатиот договор.
ФОТО: Кајгана