Работнички чека повик од АБА лигата по откажувањето на Раднички

 

Кошаркарската екипата на Раднички од Крагуевац нема да биде дел од АБА лигата во новата сезона. Тимот го откажа своето учество на еден месец до стартот на шампионатот (4.октомври) поради финансиски проблеми.

Веста за отказот ја пренесе генералниот менаџер на АБА лигата Роман Лисац. Притоа тој потенцираше дека клубот искажал благодарност до раководството на лигата што чекала одговор буквално до последниот можен ден.

Според пропозициите местото на Раднички нема по автоматизам да го заземе клуб од Србија, туку челниците на АБА лигата ќе одлучат за кого ќе биде доделена вајлд карта. Состанок на Бордот на лигата е најавен за петок во Љубљана.

Меѓу потенцијалните екипи кои би го пополниле испразнетото место е и повеќекратниот шампион на Македонија и актуелен вицепрвак Работнички, а во конкуренција се и: Хелиос Домжале (Словенија) и Металац Ваљево (Србија).

Екипата која ќе ја добие поканата да се натпреварува ќе мора да уплати и 150.000 евра.

04.09.2014 - 12:47
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега