ФОТО: „Тато ја уби мама" - Ова е Бранка и сопругот кој ја уби пред очите на детето
Телото на убиената Бранка П. е предадено на обдукција, по трагедијата која се случи во Нови Сад кога 40-годишната жена беше убиена од страна на нејзиниот сопруг во населбата Грбавица, Нови Сад. 15 години постариот невенчан сопруг земал кујнски нож и ја избодел несреќната жена во пределот на главата.
59-годишниот Бобан Т. целиот во крв ја почекал полицијата, по што му беше одредено задржување во полиција од 48 часа.
Сведок на грозоморното убиство за жал била нивната 6-годишна ќеркичка, која викнала полиција и на роднините кажала „Тато ја уби мама".
- Слушнав таков вресок што помислив дека некој згази куче на улица...толку беше силен...кога дојде полицијата сфатив дека тоа е Бранка, вели сосетка за Телеграф.рс.
Бранка и Бобан живееле во изнајмен стан во Нови Сад, четири месеци.
Инаку, убиената жена била сопственичка на архитектонско биро „ПроФорма" од Нови Сад, а невенчаниот сопруг Бобан кој ја уби, бил продавач на овошје.
Засега не се знае мотивот за убиството, ниту зошто настанала кавгата на која и следеше крвав крај.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа