Паднаа тројца дилери од Куманово, полицијата им влезе дома

 


Вчера полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода З.А.(62), С.Д.(23) и Д.А.(30), сите од Куманово.

При претрес во домот на Д.А., извршен со судска наредба, а во кој биле затекнати З.А. и С.Д., биле пронајдени таблети, бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја, дигитална вага, дробилка и други предмети. 

 

Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

 

24.04.2025 - 11:48

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега