Аргентина ја победи Германија во Дизелдорф
Фудбалската репрезентација на Аргентина синоќа на пријателски натпревар во Дизелдорф ја победи Германија со 4:2. Со тоа „гаучосите“ им се реваншираа на Германците за поразот во финалето на Светското првенство во Бразил.
Стрелци за Аргентина беа Агуеро, Ламела, Фернандез и Ди Марија, а за Германија Ширле и Геце.
Поради повреди, за Аргентина не настапи Лионел Меси, а за Германија Месут Озил.
На клупата на Аргентина како нов селектор дебитираше доскорашниот тренер на Барселона, Херардо Мартино.
04.09.2014 - 11:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа