Германија и Аргентина ќе одиграат пријателски натпревар во Дизелдорф

 

Финалистите од последното Светско првенство во фудбал Германија и Аргентина по само 52 дена ќе одиграа нов натпревар. Во пријателски дуел во Дизелдорф, светскиот шампион Германија е домаќин на Аргентина. Се очекува во двете селекции да недоставуваат по неколку играчи, кои го играа финалето на „Маракана“ во Рио де Женеиро.

Покрај овој дуел денеска ќе се одиграат уште неколку пријателски, кои се подготвителни пред почетокот на новиот циклус квалификации за континенталните првенства. Од ривалите од нашата група активна ќе биде само Украина која на домашен терен ја пречекува Молдавија.

Двојки на пријателски натпревари: Русија – Азербејџан, Литванија – Обединети Арапски Емирати, Украина – Молдавија, Летонија – Ерменија, Данска – Турција, Чешка – САД, Германија – Аргентина, Република Ирска – Оман, Мароко – Катар и Англија – Норвешка.

03.09.2014 - 10:50
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега