Фудбалерите загубија од Шведска

 

Фудбалската репрезентација на Шведска ја потврди улогата на фаворит во дуелот со Македонија, на пријателскиот натпревар одигран вечерва во Малме.

Домаќинот Шведска ја контролираше играта во целиот тек на натпреварот, а од бројните шанси кои ги создаде пред се во првото полувреме „викинзите“ ја реализираа единствено онаа на Александар Качаниклиќ во 39-та минута, по убава асистенција на Златан Ибрахимовиќ.

Благодарение на голманот Томе Пачовски и неговите одлични одбрани, избраниците на слекторот Чедомир Јаневски на крајот можат да бидат и среќни, што од Малме се враќаат само со еден примен гол.

Вечерашниот пораз од Шведска е трет во серија на нашата најдобра фудбалска селекција, по двата  квалификациски неуспеси во дуелите против Белгија.

Можност впечатокот да биде поправен македонските репрезентативци ќе имаат на 11 јуни против Норвешка во Осло

најчитано сега