Стартуваат и македонските екипи во СЕХА лигата
Двата македонски претставници во регионалната ракометна СЕХА лига Металург и Вардар овој викенд ги почнуваат натпреварите од новата сезона.
Македонскиот првак Металург вечерва (20:15 часот) во СЦ „Борис Трајковски“ го пречекува првакот на Словачка Татран Прешов. Ова е натпревар од 4. коло, а поради обврските на словачката екипа во квалификациите од Лигата на шампионите се игра порано.
Утре во Нови Сад и Вардар ќе го има стартот. „Црвено-црните“ ќе гостуваат кај Војводина и овој дуел е од 9. коло, а се игра исто така порано.
Натпреварот на двете македонски екипи Вардар – Металург од 1. коло ќе се игра следниот викенд, а домаќин е тимот на Вардар.
Од СЕХА лигата досега се одигра еден натпревар каде „новакот“ во лигата унгарски Веспрем ја победи Војводина на гости со 32:19.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа