Јанкулоска ќе го отвори „Македонскиот куп во далечинско пливање Козјак 2014“
Министерката Гордана Јанкулоска, утре во 10:30 часот во име на Владата на Република Македонија ќе ја отвори спортската манифестација „Македонскиот куп во далечинско пливање Козјак 2014.
Оваа манифестација се одржува во организација на ЈПУЗПП „Јасен“ и Пливачката федерација на Македонија.
Во рамки на манифестацијата чиј покровител е Владата, ќе бидат одржани неколку трки во далечинско натпреварување за различни старосни групи натпреварувачи, а ќе се одржи промотивна веслачка регата на Веслачката федерација на Македонија.
29.08.2014 - 16:36
Фото:
Курир
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа