Носителите без проблеми во третото коло на УС Опен

 

Носителите број 1 во двете конкуренции на Отвореното првенство на САД (УС Опен) во тенис, Серена Вилијамс и Новак Ѓоковиќ без проблеми постигнаа победи во втората рунда. Притоа Вилијамс загуби само еден гем, а Ѓоковиќ вкупно 4.

Серена Вилијамс славеше над Вања Кинг со 6:1 и 6:0, додека Ѓоковиќ беше поуспешен од Пол-Анри Матје со 6:1, 6:3 и 6:0 во гемови.

Кај жените од фаворитките елиминирана е Ана Ивановиќ, која загуби од Каролина Плишкова со 2:0 во сетови. За разлика од неа во третото коло се пласираа Флавија Панета, Викторија Азаренка, Елена Веснина, Петра Квитова и Јуџин Бушар.

Кај мажите победи од 3:0 во сетови и пласман во третата рунда постигнаа: Енди Мареј, Жо-Вилфред Цонга, Ник Кирјос и Џон Изнер, нешто повеќе „работа“ имаше Милош Раониќ, кој победи со 3:1, а Томи Робредо направи пресврт и од 0:2 дојде до триумф од 3:2 во сетови. Елиминација доживеа Фернандо Вердаско, кој со 3:2 загуби од Андреј Кузњецов.

29.08.2014 - 12:40
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега