Започнува ракометниот турнир „Скопје 2014“

 

На Градската плажа „Парк“ во Скопје од утре до  14 септември ќе се одржува вториот Ракометен турнир на плажа за мажи и жени „Скопје 2014“.

Турнирот го организира Ракометниот клуб „Работнички“, а натпреварите ќе се одржуваат под покровителство на Град Скопје.

 - Целта на манифестацијата е промоција на ракометот како атрактивна дисциплина и можност за граѓаните на Скопје да уживаат во спортски натпревари на Градската плажа „Парк“ во Скопје, информираат РК „Работнички“ и Град Скопје, кои деталите за турнирот ќе ги соопштат денеска на прес-конференција. 

29.08.2014 - 10:08
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега