Иванов во Анкара на инаугурацијата на Ердоган

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, денеска и утре ќе престојува во Анкара, Република Турција каде што ќе присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган.

Македонскиот претседател, својот престој во Турција ќе го искористи и за посета на неколку турски компании, а ќе присуствува и на бизнис форум во индустриската зона во Остим, близу Анкара. Присуството на инаугурацијата ќе биде можност за средби на претседателот Иванов со шефовите на делегациите, присутни во Анкара.

На свечената церемонија во Анкара е најавено да присуствуваат делегации од околу педесетина држави меѓу кои и претседателите на Република Бугарија Росен Плевнелиев, на Република Албанија Бујар Нишани, на Република Косово Атифете Јахјага, Претседавачот на претседателството на БиХ Бакир Изетбеговиќ, на Украина Петро Порошенко, на Република Казахстан Нурсултан Назарбаев, на Туркменистан Гурбангули Бердимухамедов, на Република Молдавија Николае Тимофти, а меѓу високите гости ќе биде и емирот од Катар Шеик Тамим бин Хамад ал-Тани. На премиерско ниво се очекува да бидат претставени Романија, Грузија, Пакистан, Кралството Мароко, Нигерија, Кралството, Јордан.

 

27.08.2014 - 10:18
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега