Проверете дали утре ќе останете без вода

На улица „Трета Македонска Бригада“ до фабриката Алкалоид, утре во периодот од 9 до 14 часот, без вода ќе останат корисниците од ниската зона на потегот од Железничка станица до улица Венјамин Манчуковски, како и фирмите Мегамонт, 29-ти Ноември, Алкалоид и Крушево Експо.

Прекинот во водоснабдувањето е поради промена на шиберод ф– 100 мм, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.

Поради дефект на водоводна мрежа профил ф-80 милиметри на улица Бел Камен бр.99, без водоснабдување ќе останат и корисниците од истоимената улица од 13 часот па се до санирање на дефектот.

26.08.2014 - 14:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега