Ќе се укинувa роамингот во регионот

Да се укинат романинг цените меѓу балканските држави, договараат регулаторите од Македонија, Турција, Бугарија, Србија и Албанија. Иницијативата поднесена пред еден месец, се очекува да биде преточена во одлука и да стапи во сила од 1 јануари 2015 година. Во неа се вклучени и БиХ и Косово.

Како што изјави денеска директорот на Агенцијата за електронски комуникации Роберт Орданоски пред состанокот со своите колеги, законска можност за реализирање на иницијативата постои, само треба да се најдат соодветните правни решенија.

- Додека чекаме пред Европската комисија за прилагодување на нашите роаминг цени кон европските кои се четири до пет пати повисоки, ние, балканските регулатори, решивме да се договориме, билатерално и мултилатерално, роамингот за нашите корисници да се укине, истакна Орданоски.

Укинувањето на роамингот ќе се однесува на сите услуги на мобилните оператори, зборување, смс, интернет.

21.08.2014 - 11:05
Фото: 
дневник
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега