Уапсени разбојниците кои го потресоа Тетово - еве ги деталите од драмата “тешка“ над половина милион евра

 

 

Kривични пријави за разбојништво и тешка кражба си заработија четири лица кои се осомничени дека го извршиле вооружениот грабеж во петокот во златарницата Бени. Џ.Н.(35) од Тетово и Е.Д.(29) од Тропоја, Албанија како и уште две засега непознати лица се лицата кои кривично ќе одговараат за разбојништвото во „Бени“.
 
Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски информира дека албанскиот државјанин и двете непознати лица маскирани и вооружени со пиштол и чекан, влегле во златарницата и со закана над сопственикот успеале да украдат 7 килограми златен накит, вреден околу 250 и 300 илјади евра. Освен накит, од златарницата биле украдени околу 7.000 евра во разни апоени. Откако го земале пленот, разбојниците избегале со автомобил Форд мондео и се упатиле во правец на спортската сала во градот. Кога се стационирале пред спортската сала, разбојниците полиле автомобилот со течност и го запалиле.
 
Првообвинетиот Џ.Н. со друго возило ги чекал извршителите и тројцата заедно заминале со украденото богатство. 
 
За да ги открие разбојниците, полицијата вештачела повеќе предмети и видео снимки кои покажале совпаѓање на возилото на Џ.Н. со возилото во кое влегле лицата со пленот од златарницата Бени. Џ.Н., во петокот попладдне бил приведен и задржан во полицијата, додека албанскиот државјанин бил откриен и приведен во текот на вчерашниот ден во штала во тетовската населба Дреновец.
 
Двајцата криминалци заработија кривични пријави и 30 дневен притвор. Од полицијата информираат дека  златото и парите сеуште не се пронајдени. Според досегашната истрага, опожареното возило Форд мондео било украдено помеѓу 20. и 2. април од автоплац во Скопје, што покажува дека грабежот во „Бени“ бил планиран подолго време.

најчитано сега