Двајца се борат за живот: Пукање во Дебар - полицијата го пребарува градот

Престрелка попладнево околу 13 часот ги ознемири граѓаните на Дебар. Според првичните и се уште неофицијални информации, најмалку две лица се здобиле со огнострелни рани откако маскирани напаѓачи извршиле грабеж во златарница во центарот на градот.
Неофицијалните информации говорат дека еден од сопствениците се обидел да ги спречи ограбувачите по што тие почнале да пукаат.
Информацијата за престрелката ја потврди и полицијата но нема официјални информации за тоа во каква состојба се повредените. Press24 од свои извори дознава дека две лица веќе се на пат кон скопските Клиники. Според неофицијални информации и двајцата се во тешка состојба и лекарите се борат за нивниот живот. 

29.07.2014 - 14:20
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега