За четири години Скопјани украле 121 блокатор на „Градски паркинг“
Несовесни граѓани во изминатите седум месеци украле 12 блокатори поставени на тркала на непрописно паркирани возила. Од 2010 година, кога е воведена оваа санкција за непрописно паркирање, досега се украдени вкупно 121 блокатор на тркало, соопшти денеска Јавното претпријатие „Градски паркинг - Скопје.
При користење паркинг-услуга на зонските паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг - Скопје“ секој корисник е должен да ја подмири услугата паркирање преку испраќање СМС порака или со греб картичка. Доколку не се изврши навремено плаќање за паркирањето, службите на јавното претпријатие спроведуваат санкција - се поставува блокатор на тркалото на возилото за чие отстранување е потребно да се изврши наплата на казната за непрописно и несовесно паркирање.
- Од досегашното петгодишно искуство на ЈП „Градски паркинг - Скопје“ е утврдено дека некои граѓани сакајќи да ја избегнат казната го заменуваат тркалото на кое што е поставен блокаторот со друго и го напуштаат паркиралиштето. Откако службите на ЈП „Градски паркинг - Скопје“ ќе утврдат дека блокаторот е украден/одземен, случајот во рок од 8 часа се пријавува во полиција која потоа трага по сторителите, а се спроведува и соодветна постапка за наплата на казната и нанесената штета. Во одредени ситуации се спроведува и судска постапка, се вели во соопштението од ЈП „Градски паркинг“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа