Пожарникари го сечеле возилото за да го извлечат телото на загинатиот работник кај Бошков Мост

Загубил контрола, удрил во мост па излетал со комбето во реката Радика. Страотна слика вчера кај Бошков Мост по тешката сообраќајна несреќа во која во 6 часот и 45 минути животот го загуби 62-годишниот Садик Франгу од селото Баланци, возач на комби возило на „Хисар туризам“, кој требало да стигне во Гостивар за да земе печалбари кои доаѓаат во родниот крај.

Според податоците на Дневник, први на местото на несреќата пристигнале припадници на полицијата од Полициската станица од Ростуше, на чија територија се случи сообраќајката, по што веднаш по најавата пристигнале и екипата на Итна медицинска помош од Здравствениот дом од Дебар и Територијалната противпожарна единица од Дебар. Во извлекувањето на возилото учествувала и територијалната противпожарна единица од Дебар. 

- Со дозвола на обвинителот нашите пожарникари слегоа до возилото во реката. Бидејќи возилото беше затворено моравме со потребна опрема да отвориме една од вратите за да го извлечеме телото на возачот, по што лекарот само констатира смрт. Трагедија за семејството, токму на денот на големиот празник. Тоа е судбината - вели потресен Џетан Мифтароски, командир на дебарската противпожарна единица, пренесува Дневник.

Инаку, вчера се случи уште една трагедија кога осуммесечно бебенце го загуби животот во страотна сообраќајка кај Демир Капија.

29.07.2014 - 09:14
Фото: 
МИА
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега