Од утре одобренија за градба само по електронски пат

 

Од утре, целокупната постапка за издавање на одобрение за градење во Македонија ќе се одвива исклучиво по електронски пат.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и претседателот на ЗЕЛС Коце Трајановски, денеска информираа дека општините се целосно подготвени за примената на оваа законска одредба.

-Целокупниот процес од апликација се до издавање одобрение за градба и жалбената постапка ќе оди по електронски пат. Во Минситерството сме цврсто убедени дека со електронскиот систем, кој е прв во регионот, ќе се овозможи целосно поедноставување на процедурата, бидејќи самото движење на документите ќе оди исклучиво по електронски пат. Значи многу едноставна процедура и многу потранспарентна, бидејќи секој апликант, ќе може да види во кој момент кај кого е неговиот предмет, изјави Јанакиески.

- Дозволата во законот беше дека се добива до 45 дена, но сега е добро што целокупното движење на предметите се информира управната инспекција. Тука следуваат казни. Очекува дека ќе се намали времето и сите  трошоците, рече Јанакиески.

- На овој начин ќе се зголеми ефикасноста во функционирањето и во работењето на општините и ефикасноста во што побрзо добивање на одобрението за градба. При тоа ќе се намалат трошоците кои се прават при печатење на хартија, движење на луѓето, а, исто така, ќе се смали и времето и малтеретирањето на луѓето кои бараат одобрение за градба. На овој начин Република Македонија, општините со поддршка на Министерството за транспорт и врски ќе бидеме држава во која инвеститорите и сите оние што градат ќе им треба многу малку време за да добијат електронско одбрение за градба, истакна Трајановски.

ФОТО: А1.он

најчитано сега