Драгиша Милетиќ и официјално му кажа збогум на Црвенковски
Драгиша Милетиќ и официјално му кажа збогум на Црвенковски. Претседателот на Српската напредна партија од денеска и официјално истапи од опозициската коалиција. Пред новинарите рече дека ќе делува самостојно.
Ја напуштам пратеничката група на СДСМ и ќе делува како самостоен пратеник на СНС. Причината е јасна, зошто ја напуштам пратеничката група. Уште тогаш решив да ја напуштам коалицијата, пред локалните избори, кога СДСМ реши да ги бојкотира. Од сега па натаму ќе настапувам како конструктивен пратеник, тоа значи дека ќе ги прифаќам сите предлози и од Власта и опозицијата кои се во интерес на граѓаните“ - рече Милетиќ
Милетиќ е четвртиот пратеник кој ја напушти опозицијата. Пред него, од таборот на Црвенковски, заминаа Фиат Цаноски и неговите двајца пратеници.