Зголемена бројката на патници во патниот и воздухопловниот сообраќај
Пораснат е бројот на превезени патници во патниот патнички превоз и воздухопловниот во периодот од првиот квартал во годинава, обајави Државниот завод за статистика. Според објавените податоци, бројката на превезени патници изнесува 3,679,000 со што е забележан пораст од 3%. Бројот на превезени патници во воздухопловниот превоз пак изнесува 191,957 со што е зголемен за 12%.
Во градско-приградскиот превоз превезени се 16.660.000 и има намалување од 10,3 отсто и кај железничкиот сообраќај превезени превезени се 197.000 патници при што е забележано намалување од 30,6 отсто.
Во овој период, во споредба со првото тримесечје од 2012 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 47,9 отсто, во воздухопловниот превоз за 20,7 отсто, додека во железничкиот превоз има намалување од 4,9 отсто.