Наумов: Договор за поддршка нема - останувам кандидат за Претседател на СДСМ

 

Нема никаков договор со Зоран Заев или со било кој од кандидатите за претседател на СДСМ. Останувам до крај во претседателската трка и на 2 јуни ќе ја побарам поддршката од Конгресот. Кире Наумов во изјава за Press24 демантира дека се договорил да го поддржи Заев.
„Останувам на тоа принципиелно да си ја водам кампањата за Претседател на СДСМ до крајот, односно до Конгресот на 2 јуни. Нема никаков договор за поддршка и дефинитивно останувам кандидат“ -вели Наумов

најчитано сега