Мобилна полициска станица во скопски Аеродром

 

Мобилната полициска станица на територијата на Општина Аеродром патролира на три локации, кај паркот Бановина, кај ОУ „Гоце Делчев“ и во Долно Лисиче.

На 12. јули мобилната полициска станица од 08:00 до 11:00 часот ќе биде во населба Лисиче, кај паркот Бановина, од 11:00 до 13:00 часот во село Горно Лисиче, кај ОУ „Гоце Делчев“ и од 13:00 до 16:00 часот во село Долно Лисиче, на последната автобуска станица на бр.31.

-Со цел поттикнување на соработката меѓу граѓаните и полицијата, Мобилната полициска станица се реализира во насока да обезбеди што поголемо присуство и достапност на полицијата, одржување на стабилен јавен ред и мир и поволна безбедносна состојба во однос на криминалитетот, за што се организирани посебни мото-патроли составени од водач на безбедносен реон и двајца полициски службеници коишто вршат општи полициски работи за да се детектираат заеднички проблемите на зaедницата, упатување на граѓаните во соодветни институции, како и преземање мерки и активности по конкретни пријави од страна на граѓаните, се вели во соопштението од Општина Аеродром.

Планот за работа на мобилната полициска служба е истакнат во месната заедница Горно Лисиче Запад, Горно Лисиче Југ и Долно Лисиче, како и на сајтот на Министерството за внатрешни работи, со цел граѓаните подобро да се запознаат со нивното дејствување.

10.07.2014 - 10:51
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега