Хаос во СДСМ: Матни договори и сплетки на неколку дена пред Конгресот

 

На само три дена пред донесување на одлуката кој ќе седне во фотелјата на Бранко Црвенковски, во СДСМ владее хаос, објавува порталот Курир. 

Според информациите на порталот, Зоран Заев договорил поддршка од Кире Наумов. Во прилог на овие информации се честите средби на двајцата кандидати во последниот период.

-Од друга страна, како што дознаваме, Наташа Савова, Горан Минчев и Игор Ивановски  му замериле на Заев за агресивните и непринципиелни договарања. На високото раководство на СДСМ, најмногу му пречи ваквото договарање особено заради фактот што Наумов во минатото отворено го критикуваше работењето на Црвенковски, Савова и луѓето од нивното опкружување, пишува Курир.

Според Курир, долгогодишните локални членови на СДСМ се разочарани од начинот на кој се води изборот на нов претседател. Според нив, објавува Курир, клучот за тоа како се станува лидер на СДСМ се сведува на три фактори, да се има многу пари, преку уцени и да се добие милоста на Црвенковски кој ништо не остава на случајноста.

 Според порталот, Заев договорил поддршка и од Димитар Бузлески, кој инаку е гласен критикувач на работата на Црвенковски, додека пак, Јовановски и Ивановски, договориле соработка со градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски. Кандидатите, според информациите на Курир, се обиделе да ја придобијат и наклонетоста на Јани Макрадили, според кој, Заев не е достоен наследник на Црвенковски. Заев, според Курир, наоѓа утеха во поддршката од Радмила Шекеринска

И други релации меѓу политичарите довеле до сплетки во СДСМ. Курир објавув дека Гордан Георгиев и Ана Павловска Данева, отворено лобирале на страната на Зоран Јовановски.

 

најчитано сега