Направете си вкусни пилешки кебапи во сланина
Направете вкусни пилешки кебапи во сланина, еве што ви е потребно
Состојки:
- 800 грама пилешко бело месо
- 1 главица кромид
- 100грама сланина
- 1дл минерална вода
- малку сода бикарбона
- 2 лажици брашно
- мешавина од зачин и зејтин
- 200 грама тенки листови од сланина
Подготовка:
1. Пилешкото бело месо се меле во машина за мелење месо.
2. Кромидот и сланината се сечкаат.
3. Се мешаат месото, кромидот, сланината, содата, брашното и зачини по желба. Постепено се додава минерална вода и се меси рачно додека не се добие компактна смеса. Се остава во ладилник околу 40 мин.
4. Од смесата се обликуваат кебапи, се виткаат во листови од сланина и се печат на скара.
Извор: Убавина и здравје
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа