Поскапуваат цигарите и алкохолот во Македонија
Владата ке ги зголеми акцизите на пивото, алкохолните пијалоци и тутунот. Акцизата за пивото Ќе се зголеми од 3 на 4 денари по литар, а на алкохолните пијалоци од 300 на 340 денари за литар чист алкохол, објави Телма. Во однос на цигарите, пурите и цигарилосите се предвидува постепено зголемување на акцизата во наредните 10 години. Владата се правда дека зголемувањето на акцизите во функција на намалување на потрошувачката на овие производи и заштита на здравјето на населението
-Ќе има усогласување со директивите на ЕУ,но бидејки стандардот не дозволува целосна хармоинизација која ке значи позначително зголемување на акцизите,ке одиме постапно,динамички за да има помали оптоварувања за тие категории, вели Зоран Ставрески, министер за финансии.
Предлог законот не предвидува промени во акцизата на нафтените деривати туку зголемена контрола во трговијата со црвена нафта која наместо за греење се почесто се користи во сообракајот. Владата предлага акциза да му се наплати на сопственикот на моторното возило кај кого ке се утврди дека користел црвена нафта во висина на зафатнината на резервоарот за гориво зголемена сто пати.
Зголемувањето на акцизите на цигарите и алкохолните пијалоци,според економистите исклучиво се прави за полнење на буџетската каса. Преку акцизите ке се зголемат приходите во буџетот, вели професорот Шукаров,но тоа на крајот ке се одрази на поторшувачите,бидејки ке се зголеми цената на крајниот производ.