ВМРО-ДПМНЕ: Ќе продолжиме да бараме решение за формирање на Комисија за настаните од 24 декември

 

            

 Црвенковски продолжува со својата деструктивна политика базирана на блокади, бојкоти и конфликти. Јасно е дека во СДСМ не се менува политичката  матрица за креирање на проблеми, иако на последните локални избори граѓаните на Република Македонија јасно ја поразија ваквата нивна политика која предизвикува несогледливи штетни последици за Македонија.

          Анкетната Комисија за утврдување на фактите за настаните од 24 декември 2012 година, во и пред Собранието на Република Македонија,  но и за настаните кои претходеа,  веќе подолго време не е формирана, не по вина на ВМРО-ДПМНЕ, туку поради очигледната намера на СДСМ да го закочи и бојкотира нејзиното формирање.

          ВМРО-ДПМНЕ на очиглед на целокупната јавноста во повеќе наврати конструктивно предлагаше решенија за Претседател на експертската комисија, начинот на нејзината работа и донесувањето на реален извештај за настаните од 24 декември. Предлозите кои ВМРО-ДПМНЕ ги даваше беа компромисни, но за жал СДСМ од тесно партиски интереси ги одбиваше и на тој начин свесно го пролонгираше формирањето на Комисијата.

 

          ВМРО-ДПМНЕ и во идниов период ќе остане посветена  во изнаоѓање начини оваа Комисија да се формира и да  профункционира. Ако СДСМ го користи одолвлекувањето на формирањето на Комисијата  за да продолжи да бара изговори за нивните блокади на политичките процеси, мора да бидат свесни дека со тоа и нанесуваат на Македонија несогледлива политичка штета, особено на угледот на државата во меѓународната политика.

Интегрален текст од реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

најчитано сега