Србија и Косово се договорија - во јуни датум за преговори за Белград?
Дијалогот меѓу Белград и Притштина е завршен и двете страни го парафираа договорот за нормализација на меѓусебните односи, соопшти попладнево во Брисел високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ Кетрин Ештон, по завршувањето на десетта рунда од разговорите меѓу српските и косовските претставници.
- Сакам да им честитам на двете страни на решителноста и храброста што ги покажа во текот на сите овие месеци (од дојалогот), изјави Ештон, додавајќи дека парафирањето на текстот е важен чекор за приближувањето на Белград и Приштина кон ЕУ.
Според Ештон, сега е најважно да се остави минатото и двете страни „да се приближат до Европа“.
Српскиот премиер Ивица Дачиќ, кој го парафира договорот во името на Белград, изјави дека ова претставува „најдобрата понуда“ што ја добила Србија.
Тој нагласи дека во конечната верзија останеле двете досега спорни точки - 9 и 14, кои се однесуваат на изборот на полициски командири и на местото на Косово во ОН.
Согласно договореното, идниот Сојуз на српските општини во Косово ќе има свои претседател, потпреседател и Совет и ќе може да ги избира локалните полициски командири. Во Сојузот ќе членуват сите косовски општини во кои Србите се мнозинство, вклучително и оние од северниот дел на Косово.
Дачиќ нагласи дека сега претстои за прифаќање или отфрлање на договорот да се изјаснат Владата и Парламентот на Србија.
Косовскиот премиер Хашим Тачи, кој го парафира договорот во името на Приштина, изјави дека со утврдениот текст се гарантира суверенитетот и територијалниот интегритет на Косово.
- Договорот е парафиран меѓу две држави, што де јуре значи признавање на Косово од страна на Србија, искави Тачи.
Тој нагласи дека очекува косовската независност сега да ја признаат и оние земји кои досега не го сториле тоа, како и дека Косово наскоро ќе стане член на ОН.
Парафирањето на договорот го поздрави и еврокомесарот за проширување Штефан Филе кој оцени дека Белград и Приштина покажале храброст и дека сега можат да сметаат на целосна поддршка од Брисел за приближување кон ЕУ.
Веста за постигнување на дооворот прва ја објави косовскиот министер за европски интеграции Вљора Читаку, која на Твитер напиша „Habemus pactum“, што преведено од латински значи „Имаме договор“. - Се појави бел чад. Habemus pactum, напиша Читаку.
По денешното завршување на разговрите и парафирањето на договорот, делегациите на двете земји заминаа стедби во седиштето на НАТО
Висок дипломат за Танју изјавил дека Србија може да очекува датум за старт напреговорите во јуни