Сладолед од лубеница и чоколадо

 
Состојки
  1. 250 мл слатка павлака
  2. 1 поголемо парче лубеница
  3. 50 гр чоколадо
  4. прстофат цимет

Се вадат семките од големото парче лубеница (отприлика 1/8 од целата лубеница) и се блендира. Во сад се става во фрижидер.
Се мати слатката павлака додека не стане цврста.

Чоколадото се става во блендер и се додава во слатката павлака. Се миксира заедно.
Го земаме садот во кој е изблендираната лубеница и течноста со пулпа ја додаваме во слатката павлака. Се додава прстофат цимет за шмек, се миксира и смесата се става во замрзнувач. Не му треба долго за да е готово за јадење.

moirecepti.mk

29.06.2014 - 15:44
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега