Њујорк Тајмс: Бајден изразува загриженост за неговата кандидатура
„Њујорк тајмс“ денеска објави дека американскиот претседател Џозеф Бајден, по учеството на минатонеделната дебата со неговиот противкандидат Доналд Трамп, му рекол на еден од своите сојузници дека е свесен оти можеби нема да може да ја спаси својата кандидатура ако не успее да ја убеди јавноста во следните неколку дена дека е во можност да ја извршува претседателската функција.
Извештајот на Њујорк Тајмс го опиша сојузникот на Бајден како „клучен“, но не го именуваше лицето.
По објавувањето на извештајот, портпаролот на Белата куќа Ендрју Бејтс се огласи на социјалните мрежи за да ја негира точноста на тврдењата, велејќи дека „тврдењето е апсолутно лажно“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа