Гаши на средба со студенти од Институтот за безбедност: Младите да бидат поагилни, погласни и покритични

 


Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со студенти на Институтот за безбедност од Филозофскиот факултет. 


Гаши потенцира дека успехот во политиката се мери со тоа што е направено за идните генерации. Во тој контекст истакна дека претседателската функција бара државнички пристап, еднаквост за сите. Затоа и неговите заложби како претседател на законодавниот дом, се посветеност во работата во насока на подигнување на Собранието на повисоко ниво, со професионална служба, политички неутрална. Тој е поборник за департизација на институциите, за повисок стандард, владеење на правото, имплементација на Националната стратегија, сѐ во насока на задржување на младите во земјава, затоа што тие се иднината. 

Студентите имаа можност да му поставуваат прашања на претседателот, а тој ги охрабри младите да бидат поагилни, погласни, покритични, да организираат дебати, да зборуваат гласно, затоа што нивниот глас е искрен. Студентите на Институтот за безбедност се токму оние што се многу битни за иднината на државата.

01.11.2024 - 15:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега