Николоски: Македонија не ги почнува преговорите со ЕУ заради немање функционален систем на владеење на правото

„Македонија не ги почнува преговорите со ЕУ, не заради проблемот со Бугарија, туку заради немање функционален систем на владеење на правото!“, пишува Александар Николоски, пратеник и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, на социјалните мрежи.

„Да го реши Македонија проблемот со корупцијата и да воведе функционален систем на владеење на правото, проблемот со Бугарија ќе се реши за едно претпладне или попладне.

Ова го зборувам со години од 2018 година навака! Конечно и јавно е потврдено од моќни земји членки на ЕУ. Решението е силна борба со корупцијата и воспоставување на функционален систем на владеење на правото“, додава Николоски.

10.01.2024 - 21:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега