Ники Хејли се откажа од претседателската трка, Трамп сигурно ќе биде кандидат


Хејли треба да одржи краток говор во 16:00 часот по средноевропско време. Таа ја донесе одлуката по Супер вторникот, кога Трамп освои 14 од 15 држави, вклучувајќи ги Калифорнија и Тексас, кои носат многу делегати. Хејли победи само во Вермонт.


Поранешната амбасадорка денеска нема да му изрази поддршка на Трамп, пишува WSJ, но ќе го охрабри да ја добие поддршката од републиканските и независните гласачи кои гласаа за неа. Хејли беше последниот ривал на Трамп за републиканската номинација.

06.03.2024 - 15:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега