Невреме во Италија: Училиштата затворени, возовите запрени...
Италијанските власти прогласија црвен аларм за делови од регионот Венето поради екстремните временски услови, бидејќи бранот обилни врнежи и силни ветрови продолжуваат да погодуваат поголем дел од Италија.
Други делови од регионите Венето и Емилија-Ромања се под портокалова тревога, втора најсилна, поради временските услови кои исто така донесоа обилни снежни врнежи во областите на повисоките места, пренесува Анса.
Сообраќајот на линијата Милано-Венеција меѓу Виченца и Падова и денеска е во прекин, откако во вторникот возовите беа запрени поради опасност од поплави и лизгање на земјиштето.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа