Неверојатно: Гостин на кралицата Елизабета по грешка ги изел бисквитите за кучиња

 

Поранешниот британски министер Алекс Џонсон заедно со велшкиот министер Пол Марфи во 2008 година ја посетиле кралицата Елизабета Втора за време на ручек во замокот Виндзор, меѓутоа тоа што се случило е навистина неверојатно.

 

Нејзините гости уживале во пријатниот разговор и во оброкот, но дури потоа Алан сфати дека јадел од „десертите“ поставени за саканите корги на кралицата.

Биографот Хардман во својата нова книга „Кралица на нашето време“ пишува: „Двајцата министри заминаа расположени. Чекавме да ги донесат автомобилите и Пол рече: какво прекрасно јадење. Алан дополни: и мене ми се допадна, уживав цело време.“

„Додека разговараа за храната, Џонсон спомна дека особено уживал во сирењето и необичните темни бисквити. Пол тогаш извика: не, темните бисквити беа за коргите. Во тој момент Алан Џонсон сфати дека јадел грицки за кучиња“, открива Хардман.

21.03.2022 - 18:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега