Ненадејно почина потпретседателот на „Лукоил“


Почина 54-годишниот Витали Робертус, потпретседател на „Лукоил“, соопшти руската нафтена компанија.

„Со длабоко жалење објавуваме дека потпретседателот Виталиј Владимирович Робертус ненадејно почина на 54-годишна возраст“, ​​се вели во соопштението за печатот, а пренесува руската новинска агенција Тасс.

Робертус почнал да работи во „Лукоил“ веднаш по дипломирањето економија.

„Во својата 30-годишна работа во ‘Лукоил’ ја стекна почитта од своите колеги не само во компанијата, туку и во целата индустрија. За успехот во развојот на домашното гориво и енергетскиот комплекс беа доделени бројни државни и ресорски награди“, се наведува во соопштението.

Виталиј Робертус е четвртиот извршен директор кој починал од почетокот на инвазијата на Путин на Украина и петтиот истакнат член поврзан со нафтениот гигант.

Владимир Некрасов, претседател на Одборот на директори на „Лукоил“, почина во октомври 2023 година од срцева слабост. Некрасов застана на чело на „Лукоил“ откако Равил Маганов, претходниот претседател, почина по пад од прозорец во Централната клиничка болница во Москва во август 2022 година.

 

Александар Суботин, поранешниот генерален директор на компанијата, почина во мај 2022 година. Неговото тело беше пронајдено во приватна куќа. Истрагата утврдила дека Суботин починал и од акутна срцева слабост, пренесуваат медиумите.

14.03.2024 - 09:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега