Нема ниту еден преживеан во најсмртоносната авионска несреќа во Непал во последните 30 години
Непалските власти соопштија дека нема преживеани во најсмртоносната авионска несреќа во земјата во последните 30 години, но спасувачките екипи сè уште трагаат по останките на последниот исчезнат патник.
Спасувачките тимови вчера користеа беспилотни летала за да се спуштат во длабокиот кањон во потрага по јагленосаните остатоци на „ АТР 72“ на авиокомпанијата „Јети ерлајнс“, што се урна во неделата наутро во близина на туристичкиот град Покара, а со него се превезуваа 72 лица.
„Не е можно некој да преживеал. Досега пронајдовме 71 тело. Потрагата по последното ќе продолжи“, изјави денеска Тек Бахадур К.Ц., највисок функционер на округот во Похара.
Спасувачките екипи во понеделникот успеаја да ги пронајдат двете црни кутии од патничкиот авион.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа