Не’ очекува космичка експлозија видлива со голо око, се случува еднаш во 80 години

Небесниот танц меѓу две ѕвезди оддалечени 3.000 светлосни години ќе резултира со толку силна експлозија што ќе биде видлива со голо око со денови, изјавија во петокот астрономите од Универзитетот Нотингем Трент.

Експлозијата што се случува еднаш во животот во системот T Coronae Borealis ќе се појави како светла нова ѕвезда на ноќното небо, пред да избледи и да исчезне повторно во следните 80 години.

Професорот Даниел Браун објаснува дека овој небесен настан се нарекува „нова“, кога сјајот на ѕвездата брзо се зголемува.

Според него, не е лесно да се предвиди кога ќе се случи тој настан, но верува дека тоа би можело да се случи во секое време до септември.

„Почестени сме, ќе видиме т.н нова ѕвезда на небото“, рече Браун, посочувајќи дека T Coronae Borealis всушност не е една ѕвезда, туку две ѕвезди кои орбитираат една околу друга.

„Сега е време за уште една ваква експлозија за T Coronae Borealis, чија светлина од 11 mag, едвај видлива на темното небо, ќе се зголеми на 2 mag, споредлива со ѕвездите во Големата Мечка и ќе биде видлива со голо око дури и на загадено небо. „Новата“ ќе стане видлива во близина на соѕвездието Херкулес.

Астрономите објаснуваат дека овие „нови“ во суштина се како водородни бомби.

29.03.2024 - 23:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега