Нападот со нож во Амстердам е терористички акт, соопшти Јавното обвинителство

 

Јавното обвинителство смета дека има терористички мотив зад неодамнешниот напад со нож во Амстердам во кој беа повредени пет лица, при што уапсениот е осомничен за пет точки од обвинението за обид за убиство или убиство со терористичка цел, јави ДПА.

Обвинителството не открива дали осомничениот дал изјава за неговиот мотив, наведувајќи ја потребата од претпазливост поради тековните истраги, наведува германската агенција.

Минатата недела маж избоде случајни минувачи, наводно по случаен избор во центарот на холандската престолнина во близина на Кралската палата. Вооружен со неколку ножеви повредил пет лица, од кои две потешко.

Осомничениот, 30-годишен Украинец, потоа бил совладан од британски турист.

Жртвите се од САД, Белгија, Полска и Холандија. Според информациите, четворица од нив остануваат во болница, а нивната состојба се наведува дека е стабилна, дополнува ДПА.

01.04.2025 - 21:53

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега