Нападнале полицајци при апсење - приведени тројца тетовци

 

Тројца тетовци се приведени поради напад на полициски службеници. Полицајците во моментот го приведувале 40-годишниот Н.М., а 33 и 35-годишните И.Ф. И А.К се обиделе да ги спречат.

-СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.М.(40), И.Ф.(33) и А.К.(35), сите од  Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени  кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. На 24.09.2024 во Тетово, првопријавениот упатувал закани на полициски службеници, а при обид да го лишат од слобода, второ и третопријавените физички ги нападнале полициските службеници, велат од МВР.

 

27.10.2024 - 16:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега