СДСМ бара Христовски итно да се повлече од директор на АНБ: „Користењето на фалсификуван документ е криминал“

 

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија повика Бојан Христовски итно да биде повлечен од директорската позиција на Агенцијата за национална безбедност.

Методија Илиевски од СДСМ на прес-конференција изјави дека користењето на фалсификуван документ е криминал.

„Бојан Христовски не ги исполнува законските услови за позицијата директор на АНБ. Користење на фалсификуван документ е криминал, а не само законски пропуст. Христовски нема соодветен меѓународно признат сертификат за познавање на англиски јазик, туку се користел со фалсификуван документ за да ја добие функцијата.

Ова претставува кршење на законот и кривично дело за кое мора да одговара“, рече Илиевски и го повика Јавното Обвинителството да отвори постапка.Од опозициската партија велат дека скандалозно е што тој бил Државен советник за криминалистички работи во МВР.

Партијата повика и на реакција на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), која треба да ги потврди информациите и да се изјасни по ова прашање.

„Повикуваме на транспарентна истрага, која ќе утврди кој го овозможил ова кривично дело и кој е одговорен за неговото назначување. Одговорност и оставка од Мицкоски, кој свесно ги партизира институциите со поставување на лица без квалификации и нарушен интегритет“, додаде Илиевски.

СДСМ претходно денес објави дека сертификатот за англиски јазик на Христовски е лажен и дека центарот во Пловдив – Бугарија каде што тој тврди дека го добил, не постои. Покрај сертификатот, СДСМ тврди дека Христовски нема ниту безбедносни сертификати ниту доволно работно искуство на раководни позиции, што е предуслов за назначување на позицијата директор.

 
27.10.2024 - 12:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега