Нападнал медицинска сестра на Хирургија во Струга откако го предупредила да не пуши во болница

Уште еден напад врз медицинско лице, овојпат во Струга. 52-годишен жител на Велешта нападнал медицинска сестра на Одделот за хирургија и ја клоцал во стомак.

Сестрата го предупредила дека не смее да пуши цигара во болнички ходник бидејќи е најстрого е забрането во интерес на пациентите. Но, прекршителот на законот ја нападнал и ја удрил во стомак наместо да ја изгаси цигарата.

Напаѓачот избегал и е фатен завчера по нападот, а обвинителството бара притвор за да не го повтори бегството бидејќи е осомничен за сериозно кривично дело.

Соопштение на обвинителството:

Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против 52-годишен жител на Велешта за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Напад врз здравствен работник и здравствен соработник при вршење здравствена дејност од член 304-г став 2 во врска со став 1 од Законот за здравствена заштита.

Осомничениот на 29 февруари физички нападнал медицинска сестра на Одделот за хирургија при ЈЗУ Општа болница Струга која побарала од него да ја изгаси цигарата. Агресивно се однесувал кон неа и ја навредувал, а потоа со нога ја удрил во стомакот по што избегал.

Бил пронајден и лишен од слобода следниот ден. Со оглед на тоа што ваквото однесување на осомничениот ја потврдува опасноста тој да се даде повторно во бегство за да го избегне кривичниот прогон, а и поради опасноста тој да го повтори делото и да ја нападне медицинската сестра, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

02.03.2024 - 10:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега