Најниски температури утрово измерени на Попова Шапка и Маврови Анови
Утрово најладно било на Попова Шапка, каде што се измерени -7 степени целзиусови, извести УХМР.
Потоа следуваат Маврови Анови -6, -4 во Крушево, -2 во Прилеп, -1 во Битола, Тетово, Куманово, Крива Паланка, Штип, Берово, 0 во Скопје-Зајчев Рид, Скопје Петровец, Демир Капија, Кавадарци, Охрид, Велес, Виница, 1 во Претор, Струмица, 2 во Дојран, Гевгелија.
Висината на снежната покривка утрово во 7 часот била 8 сантиметри на Попова Шапка, 1 во Тетово, Прилеп, Ѓуриште.
Во текот на ноќта и утрово времето беше променливо облачно со локални врнежи од снег. Дуваше умерен, наместа засилен северен ветер, кој во Штип достигнуваше брзина над 60, а во Крива Паланка до 50км/ч, соопшти УХМР.
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови засилен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7 степени.
Во Скопје променливо облачно со умерен, повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 5 степени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа