МВР уапси криминалец баран со потерница
Гостиварец кој бил баран со потерница бил фатен од страна на македонската полиција.
Како што информира МВР, во15 часот и 30 минути, бил приведен 55-годишниот К.С. од Гостивар, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Тој бил спроведен во Казнено - поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
11.02.2025 - 11:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа