За Свети Трифун исплатени 315.745.324 денари кон 11.689 лозари

 

Денеска кога го празнуваме Свети Трифун, заштитник на лозарите  исплатени се 315.745.324,00 денари кон 11.689 лица. Исплатата се однесува за подмерката 1.11 за остварено производство на грозје, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат пријавено обработлива земјоделска површина со лозови насади, а оствареното производство на грозје го предале во регистриран откупувач, вклучително и произведеното грозје за сопствениот преработувачки капацитет или производството го користеле за сопствено потреби и продажба на пазар.

Висината на директните плаќања, како што велат од МЗШВ, се зголемува за 8.400 денари по хектар во однос на утврдената висина на директните плаќања од подмерката 1.11. 

14.02.2025 - 10:38

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега